Јужна Африка го уништи сонот на Чешка, само реми кое не им одговара на двете репрезентации

Jужна Африка стигна до важен бод на Светското првенство, откако во финишот избегна пораз и ремизираше 1-1 против Чешка во групата А.
Чесите беа подобар ривал во поголемиот дел од средбата и уште на стартот поведоа преку Михал Садилек. Сепак, и покрај иницијативата и неколкуте создадени шанси, не успеаја да ја потврдат победата.
Пресвртот во приказната се случи десетина минути пред крајот, кога судијата покажа на белата точка по игра со рака на Павел Шулц. Одговорноста ја презеде Тебо Мокоена и рутински го совлада противничкиот голман за конечни 1-1.
Со овој резултат двете репрезентации остануваат во игра за пласман понатаму, а одлуката ќе падне во последното коло од групната фаза во кое Чешка ќе се соочи со Мексико, додека Јужна Африка ќе игра против Јужна Кореја.