Јунајтед бара 47,6 милиони евра за Антони

Манчестер Јунајтед е уверен дека може да го продаде 25-годишниот крилен напаѓач Ентони за 40 милиони фунти (47,6 милиони евра) по неговите успешни настапи во Реал Бетис, каде што игра како позајмен играч.

Оваа информација ја објавија медиумите во Манчестер, а според истите, за бразилскиот фудбалер интерес пројавуваат мадридски Атлетико, како и неколку клубови од италијанскиот шампионат. Бетис сака да ја продолжи позајмицата на Ентони на подолг период, но шпанскиот клуб е свесен дека тешко ќе ги исполни условите на „црвените ѓаволи“.

Ентони му се приклучи на Бетис на позајмица минатиот јануари. Во овој период учествуваше на 12 натпревари на сите турнири, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со англискиот клуб е до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 20 милиони евра.