Јунајтед без Роналдо замина на претсезонска турнеја
Манчестер Јунајтед официјално го објави составот кој ќе патува во Тајланд и Австралија на претсезонската турнеја. Во составот има 31 играч, но во него го нема Кристијано Роналдо.
Португалската ѕвезда во понеделникот требаше да се врати на тренинзите заедно со останатите соиграчи кои беа посветени на националните тимови, но поради семејни причини тој досега не се приклучи на тимот. Медиумите продолжуваат да шпекулираат дека Роналдо сака да ги напушти „црвените ѓаволи“ и да се пресели во тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите.
Меѓу најавените 31 играч, има само едно ново засилување во Тајрел Маласија, кој беше потпишан за 15 милиони од Феенорд. Покрај тоа, има 13 јуниори од академијата на тимот кои ќе добијат шанса да го импресионираат новиот тренер на тимот Ерик тен Хаг.
Меѓу нив се големите надежи на 20-кратните шампиони Зидан Икбал, Ханибал Межбри и Алехандро Гарначо, но забележливо е отсуството на Фил Џонс. Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Ливерпул во вторник на 12 јули во нивниот прв натпревар.