Јунајтед го нуди Погба за трансфер на Кулушевски

Дел од островските медиуми пишуваат за можна трампа помеѓу Манчестер Јуанјтед и Јувентус. Според она што се пишува Манчестер Јунајтед би можел да го пушти Пол Погба да се врати во Торино ако за возврат го добие Дејан Кулушевски. Како и во претходните неколку преодниот рокови и во овој се пишува за можно заминување на Погба од Манчестер Јунајтед. Од друга страна Јувентус имаше поголеми очекувања од Кулушевски, потенцијалот негов е голем, но засега не ги оправдува очекувањата. Се шпекулира дека Јунајтед ќе се обиде да го убеди Јувентус на ваква размена. Ова секако би била понуда која во Торино би можеле да ја разгледаат.