Јунајтед и Бетис се договорија, Антони пак ќе игра во Севиља

Манчестер јунајтед ја прифатил понудата на Бетис за трансфер на Антони.

Антони е второто најскапо засилување во историјата на Манчестер јунајтед, за неговите услуги беа платени 95 милиони евра, но Бразилецот никогаш не ги оправда очекувањата на Олд Трафорд.

Напаѓачот вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Бетис и покажа што умее, па „зелено-белите“ изразија желба да го задржат.

По долги преговори, двата клуба конечно успеаја да најдат компромис, неколку извори вечерва објавија дека Манчестер јунајтед ја прифатил понуда.

Детали од зделката се уште не се откриваат, изминативе денови се шпекулираше со сума од 25-30 милиони евра за 50% од сопственоста на играчот.