Јунајтед и Мегваер преговараат за нов договор!
Хари Мегваер вели дека не се откажал од надежта дека ќе го продолжи престојот во Манчестер Јунајтед по „позитивните“ разговори за нов договор.
Актуелниот договор на Мегваер истекува на крајот од оваа сезона.
Потсетуваме дека англискиот дефанзивец беше блиску до заминување од „Олд Трафорд“ во Вест Хем во 2023 година, но трансферот пропадна.
-Не сум размислувал за мојата долгорочна иднина. Сè уште ја имам оваа година со опција во моите раце. Но, да, сите знаци се позитивни во моментов и разговорот што го водам е навистина позитивен, сподели дефанзивецот.
Запрашан дали има разговори за нов долгорочен договор, Мегваер одговори: „Да“.