Јунајтед му нуди на Погба вистинско богатство!

Манчестер Јунајтед му нуди петгодишнот продолжување на договорот на Пол Погба, а доколку францускиот играч за врска го прифати, ќе стане најплатен фудбалер во клубот. Попрецизно, Јунајтед на Погба му нуди нов договор според кој би бил платен 400 илјади фунти неделно.

Тоа претставува значајно зголемување на примањата на францускиот репрезентативец, кој во моментот има плата од 290 илјади фунти неделно. Во моментот, само Давид де Геа има „поскап“ договор од Погба.

Погба за Јунајтед е „врзан“ уште сезонава, а веќе подолго време се пишува за негово заминување. Доколку не потпише нов договор, веќе наредното лето би можел бесплатно да го напушти клубот, кој тогаш го доведе во рекорден трансфер вреден 105 милиони евра.