Јунајтед не го менува ставот, ќе го продаде Касемиро летово

Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе се раздели со Бразилецот, Касемиро, во текот на летото, тврдат медиумите во Англија.

34-годишниот фудбалер претходно во јануари објави дека ќе го напушти тимот кога ќе му истече договорот. Проблем претставува и неговата голема плата.

Играчот од средниот ред на последниот меч славеше пред навивачите на „Олд Трафорд“, постојано покажувајќи кон грбот на клубот на неговиот дрес.