Јунајтед отпушта 250 вработени за да го оптимизара буџетот

Манчестер Јунајтед предложил укинување на 250 работни места
како дел од програмата за отпуштања во целиот клуб, изјави
извор близок до раководството, цитиран од англиските медиуми.
Одлуката ќе влијае на сите нивоа, одделенија и структури на
клубот со исклучок на неговата добротворна организација,
Фондацијата Манчестер Јунајтед, се додава во информацијата.
Кратењата, првпат објавени од „Дејли Мејл“, претставуваат околу
22 отсто од работната сила на клубот.
Дваесет-кратниот шампион на Англија ја имаше својата најлоша
сезона од 1990 година, завршувајќи на осмото место во Премиер
лигата.
Одлуката за намалување на персоналот доаѓа неколку месеци
откако британскиот милијардер Џим Ретклиф презеде 25 отсто од
акциите во Манчестер Јунајтед и ја презеде одговорноста за
нивните фудбалски операции, обидувајќи се да ја врати силата на
тимот на теренот и да го врати поблиску до ривалите за титулата.