Јунајтед потврди дека клубот нема да биде продаден

Манчестер Јунајтед ги негираше гласините за можна продажба на клубот, објави Би-Би-Си денес.

Повеќе извори блиски до раководството на 20-кратниот англиски шампион ги отфрлија медиумските извештаи дека разговорите со нов инвеститор се во напредна фаза.

Турки Ал-Шеик од владата на Саудиска Арабија зборуваше за можна продажба на „Црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед е во сопственост на американски бизнисмени од семејството Глејзер и Британецот Џим Ратклиф.

Тимот од Манчестер имаше нестабилен почеток на новата сезона и е на десеттото место со 10 бода.