Јунајтед се вклучи во трката по Камавинга

Манчестер Јунајтед влегува во трката за Едуардо Камавинга и подготвува понуда од околу 50 милиони евра за францускиот репрезентативец на Реал Мадрид.
Англискиот гигант во завршницата од преодниот рок сака дополнително да го засили средниот ред.
Камавинга пристигна во Реал Мадрид во 2021 година од Рен за околу 40 милиони евра, а во изминатите години успеа да ги освои најзначајните трофеи со „кралскиот клуб“.
Неговата голема предност е тактичката разновидност, бидејќи може да одговори на повеќе позиции – како централен и дефанзивен играч за врска, но и како лев бек