Јунајтед се распрашува за дефанзивецот на Спортинг

Манчестер Јунајтед упати понуда за централниот дефанзивец на Спортинг Лисабон, Осман Диоманде.

Доколку истата биде прифатена, 22-годишникот може да му биде партнер во одбраната на Хари Мегваер кој деновиве го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.

Корпулентниот стопер кој е висок 191 сантиметар треба да биде замена за Матијас де Лихт кој има сериозни проблеми со грбот.