Јунајтед тргнува по титула, на лето Солскјер добива 300 милиони евра!
Оле Гунар Солскјер ќе добие нов договор во јуни, откако управата на клубот била задоволна од прогресот кој го направил во минатата и во тековната сезона. Манчестер Јунајтед е во минус од 60 милиони евра и за ова подигнал нов кредит од банките во Англија, но првиот оперативец на „Ѓаволите“ верува дека Солскјер е идеалното решение и покрај лошите резултати во последно време. „Напредокот е очигледен, Оле и неговите фудбалери оваа сезона заедно со нашата академија и женскиот тим напредуваат. Затоа веруваме во него и со оптимизам гледаме кон иднината.“ – изјави Ед Вудворд. Солскјер во летниот преоден рок ссе очекува да добие 300 милиони евра за нови засилувања, први на листата се дефанзивецот Кунде, крилниот напаѓач Санчо, центарфорот Халанд како и Хари Кејн од Тотенхем.