Јунајтед фаворит за потписот на Скалвини од Аталанта
Премиерлигашите се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Аталанта, Џорџо Скалвини.
Скалвини иако има само 20 години веќе стора сезона е стандарден во дресот на Аталанта, а дебитираше и за италијанската репрезентација. Скалвини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а многумина го споредуваат со легендарниот Паоло Малдини.
Може да игра како централен дефанзивец и бек, а европските гиганти веќе подолго време ги следи неговите настапи.
Најсилен интерес покажува Манчестер Јунајтед кој сака на лето да го доведе на „Олд Трафорд“, но ќе мора да ја победи конкуренцијата од Челзи и Манчестер Сити.