Јунајтед ќе му понуди нов договор на Бруно Фернандеш
Манчестер Јунајтед започнал преговори со Бруно Фернандеш за продолжување на неговиот договор, тврдат неколку медиуми во Англија повикувајќи се на извори од клубот. Португалецот кој пред само една година пристигна на „Олд Трафорд“ веднаш стана голема ѕвезда во составот на Оле Гунар Солскјаер. Шефовите на „црвените ѓаволи“ се свесни дека тој заслужува многу подобри финансиски услови со оглед на неговиот ефект на теренот. Сегашниот договор на Фернандеш е валиден до 2025 година.