Јури Тилеманс не сака продолжување на договорот со Лестер

Англиските медиуми објавуваат дека еден од најдобрите играчи на Лестер, нема намера да го продолжи договорот со клубот.
Според информациите било очигледно дека белгискиот репрезентативец сака да ја промени средината и да ја продолжи кариерата во друг клуб.
Договорот на фудбалерот со премиерлигашот Лестер, истекува по истекот на наредната сезона и големи се шансите тој да биде продаден од клубот летово.
Најзаинтересирани клубови за ангажман на Тилеманс се Арсенал и Манчестер Јунајтед.