Јури Тилеманс поради повреда ќе паузира неколку недели

Тренерот на Лестер Сити, Брендон Роџерс, објави дека дден од главните играчи на екипата,Јури Тилеманс, поради повреда на коленото ќе биде надвор од терените неколку недели. 

24-годишниот Тилеманс повредата ја заработи на првенствениот натпреваро со екипата на Лидс пред репрезентативната пауза. Тој не заигра и за селекцијата на Белгија во дуелите со Естонија и Велс во рамките на квалификацииите за СП.

Според зборовите на Тренерот Роџерс, Тилеманс нема да тренира со екипата неколку недели и се очекува да биде подготвен за настапи некаде околу Божиќ.

Екипата на Лестер ја очекуваат тешки натпревари во неделата што следи, а прв на распоред е дуелот со Челзи во Лондон.