Љоренте поради повреда во аут до крајот на сезоната?

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид соопшти дека играчот Маркос Љоренте заработи повреда на левиот бутен мускул поради што најверојатно нема да настапува до крајот на сезоната.

Во соопштението од клубот се наведува дека тој наскоро ќе почни со физиотерапија и тренинзи за рехабилитација. Според весникот “Марка“ повредата ќе го оддалечи Љоренте од фудбалските терени околу пет до шест недели.

Тој евентуално би можел да се врати во тимот на Атлетико на самиот крај на првенството, во месец мај или јуни.