„Љубовта“ продолжува: Клоп и Ливерпул заедно до 2026 година
Јирген Клоп денеска потпиша нов договор со Ливерпул – до 2026 година. Актуелниот договор на менаџерот беше потпишан во декември 2019 година со рок до 2024 година. Наскоро се очекува од „Енфилд“ оваа веста официјално да биде објавена.
Поранешниот тренер на Борусија (Дортмунд) го води Ливерппул веќе седма сезона, а за тоа време го предводеше тимот до триумф во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Во актуелната сезона Ливерпул веќе освои еден трофеј – Лига купот, а има шанса да додаде уште три трофеи, бидејќи е во финалето на ФА Купот, на чекор е од финалето на Лигата на шампионите и се бори со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата.