Љуботен немоќен против моќниот Розенгард во ЛШ

Maкедонскиот шампион во женски фудбал, Љуботен ги загуби шансите за место во Лигата на шампионите бидејќи доживеа пораз во полуфиналето на вториот квалификациски турнир.

Тетовскиот тим не можеше да се носи со Розенгард од Шведска и натпреварот македонскиот претставник го загуби со 0-5.

Фудбалерките на Љуботен против фаворитот се држеа речиси едно полувреме, но повеќе од тоа не можеа.

Резултатот го отвори Имо од пенал во 44. минута, а додека во вториот дел по два гола птигнаа Сјостром и Ларсон за конечн 0-5.

Европската сезона за Љуботен не завршува тука бидејќи ќе води битка заа третото место со кое би тетовчанките би можеле да обезбедат место во новоформираниот Европа Куп на УЕФА.

Противник во битката за ова натпреварување на Љуботен ќе биде СФК Сараево од БиХ или белгискиот Леувен.