Љуљ се прости од шпанската репрезентација

Кошаркарот на репрезентацијат на Шпанија и Реал Мадрид Серхио Љуљ нема да биде дел од Евробаскетот 2025.
37-годишниот шпански кошаркар го објави своето повлекување од националниот тим.
Љуљ има освоено сребро (2012) и бронза (2016) на Олимписките игри, злато на Светското првенство (2019), три титули на Евробаскет (2009, 2011, 2015) и една бронза (2013).
Во својата репрезентативна кариера овој кошаркар го носеше дресот на Шпанија на 173 натпревари и освои 7 медали.