Њукасл бара луда сума за Швеѓанецот Исак
Александер Исак игра во блескава форма во Премиер лигата. Напаѓачот на Њукасл и постигна седум гола на последните шест натпревари, со што дојде до бројка од 11 првенствени голови на 16 одиграни натпревари. Има и четири асистенции.
Исак веќе извесно време се поврзува со бројни европски великани. Арсенал сериозно се интересираше минатото лето, во пресрет на зимскиот преоден рок се огласи Челзи, а се споменува и Пари Сен Жермен.
Британски „Телеграф“, наведува дека не треба да се исклучи интересот на Реал Мадрид и Барселона. Како и да е, кој сака да го донесе ќе мора одвои еден куп пари.
Според овој извор, Њукасл за Исак бара дури 180 милиони евра. Иста сума му плати ПСЖ на Монако за Килијан Мбапе и тоа засега е втор најскап трансфер во историјата на фудбалот. Повеќе пари чинеше само трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони).
Овој потег на Њукасл не треба да чуди со оглед на тоа што клубот е во сопственост на Саудиска Арабија и нема финансиски проблеми.
Њукасл му плати на Реал Сосиедад 70 милиони евра за Исак во летото 2022 година.