Њукасл веќе размислува за замена за Тонали
Њукасл состави список на кандидатите за замена на италијанскиот играч за врска Сандро Тонали, кој беше обвинет за незаконско обложување и доби суспензија на 10 месеци.
Според „Атлетик“ раководството на англискиот клуб составило список со кандидати за пополнување на испразнетото место до крајот на сезоната. Мета на „страчките“ се Калвин Филипс (Манчестер Сити), Скот Мектоминај (Манчестер Јунајтед), Жоао Палиња (Фулам) и Амаду Онана (Евертон).
Тонали во последниот преоден рок од Милан се пресели во Њукасл за 64 милиони евра. Сезонава играчот од средниот ред одигра 12 натпревари на кои постигна еден гол. Договорот на играчот со актуелниот клуб е со важност до крајот на јуни 2028 година.