Њукасл го доби трилерот со седум гола против Форест

Фудбалерите на Њукасл се вратија во трката за Топ 4 во Премиер лигата. „Страчките“ во исклучително ефикасен натпревар го победија Нотингем Форест со 4-3.
Играчите од Нотингем први постигнаа гол преку Хадсон-Одои во шестата минута, но потоа доживеаја дебакл во првото полувреме. Во интервал од 11 минути (од 23. до 34.минута) Њукасл постигна четири гола.
Маили изедначи, Марфи го комплетираше пресвртот, а потоа Исак постигна два гола. Исак дијде до бројката од 50 голови во и стана најдобар шведски стрелец во историјата на Премиер лигата. На таа листа го мина поранешниот фудбалер на Арсенал Фреди Љунгберг (48 гола).
Во вториот дел Форест притиснаа од сите страни, но успеаја само да го ублажат поразот. Српскиот дефанзивец, Миленковиќ, во 63.минта постигна прекрасен гол со петица, а во 90.Јејтс го постави конечниот резултта.
По оваа победа Њукасл по бодови се израмни со четвртопласираниот Манчестер сити. Двата тима имаат по 44 бода, три помалку од третопласираниот Нотингем Форест.