Њукасл го потврди потписот со Ентони Гордон

Фудбалскиот клуб Њукасл го потврди доаѓањето на Ентони Гордон од Евертон.

Трансферот на 21-годишниот Англичанец изнесува 40 милиони фунти, плус дополнителни 5 милиони во бонуси. Од таборот на црно-белите информираат дека Гордон се обврзал на долгорочна соработка со клубот.

„Откако слушнав дека постои интерес за мене, бев сигурен дека се работи за Њукасл Јунајтед. Мислам дека фановите и градот одговараат на мојот карактер, и сигурен сум дека брзо ќе се вклопам во играта на тимот предводен од тренерот Еди Хау. Чувствувам дека ова е голем чекор во мојата кариера, и дека сум подготвен за напредување“, изјави Гордон.