Њукасл за нов напаѓач го посакува Тони од Брентфорд

Њукасл го назначи голгетерот Ајван Тони од Брентфорд како приоритетна трансфер цел за летото.
„Црно-белите“ се поврзувани со голем број трансфери на фудбалскиот пазар. Новите сопственици имаат огромни финансиски можности и можат да привлечат големи фудбалски имиња.
Тренерот Еди Хау сака конкуренција во нападот за да постигне подобри резултати во следната сезона. Њукасл е подготвен да плати 30 милиони фунти за напаѓачот на Брентфорд.