Њукасл не сака да чуе да го продаде Бруно Гимараеш на Реал
Њукасл му порача на Реал Мадрид дека нема шанси да го пуштат Бруно Гимараеш. Шпанскиот гигант е пред разделба со Касемиро и сака да го земе неговиот сонародник како негова замена. 24-годишниот Бразилец пристигна на „Сент Џејмс Парк“ од Лион во јануари и брзо стана лидер на тимот.
На денешната прес-конференција Еди Хау ја коментираше иднината на Гимареш. Менаџерот беше прашан дали е можно играчот да биде продаден: „Не, апсолутно не. Се обидуваме да изградиме тим овде и веруваме дека можеме да го однесеме клубот до успех во следните неколку години. Градиме состав и немаме намера да се разделиме со нашите најдобри играчи“.
„Во однос на шпекулациите, немам проблем со тоа. Тоа е комплимент за Бруно и колку добро настапува. Тој е неверојатен и само ќе се подобрува. Тоа е многу важно за нас“, додаде тој.