Њукасл останува без напаѓачот Исак до средината на декември

Напаѓачот на Њукасл Јунајтед, Александар Исак поради повреда ќе отсуствува од терените најмалку до средината на декември.

Репрезентативецот на Шведска минатата недела на тренинг со тимот на Њукасл ја влоши повредата која ја заработи минатиот месец и ќе отсуствува од фудбалските терени до крајот на Светското првенство во Катар.

Исак пристигна во Њукасл ова лето од Реал Сосиедад за сума од 60 милиони фунти, и одигра само три натпревари на кои постигна два гола.

Неговата Шведска не успеа да избори пласман на СП во Катар, па така Исак тој период ќе го искористи за опоравување од повредата.