Њукасл подготува сериозна понуда за Фабијан Руиз од Наполи
Екипата на Њукасл Јунајтед се вклучува во трката за потписот на ѕвездата на Наполи, Фабијан Руиз.
Њукасл веќе имаше обид за доведување на шпанскиот репрезентативец во јануарскиот преоден рок, но нивната понуда од 30 милиони фунти беше одбиена од раководството на Наполи.
Сепак, според весникот „Кориере дело Спорт“ популарните страчки ќе испратат нова понуда од 40 милиони фунти за 25-годишниот шпански репрезентативец.
Њукасл веќе потроши речиси 100 милиони фунти на засилувања во јануари, со кои ќе се обидат да го обезбедат опстанокот во Премиер лигата. Доколку тоа се случи, се очекува тимот да привлече нови засилувања во текот на летниот период.