Њукасл фаворит за потписот на Бонучи
Eкипата на Њукасл покажала интерес за Леонардо Бонучи.
Во Јувентус 36-годишниот дефанзивец заработува 6.5 милиони евра по сезона нето плата, а бруто изнесува 13 милиони евра. Јувентус наводно нема да прави проблем да го ослободи поради неговите високи примања.
„Калчомеркато“ објави дека Њукасл ја разгледува можноста да испрати понуда до Бонучи во наредните денови. Засега информациите говорат дека Бонучи не сака да оди во МЛС или Саудиска Арабија, а Премиер лигата би можела да биде привлечна дестинација.
Но, треба да се истакне дека поради годините и амбициите кои ги има Њукасл, ваквата информација звучи изненадувачки. Ќе потсетиме, Њукасл неодамна го доведе Сандро Тонали од Милан, следната сезона овој тим го очекува настап во Лигата на шампионите.