Њукасл ја плаќа откупната клаузула на Дибала

Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на
Њукасл во јануарскиот преоден рок е ѕвездата на Рома, Пауло
Дибала.
Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 13
милиони евра која ќе биде активна од 1 јануари.
Клаузулата важи само за клубовите надвор од Серија А, а Њукасл
е спремен да ја плати.
„Чавките“ на Дибала му нудат двојно повисока плата, па ако
Аргентинецот реши да замине, Рома нема да може да го задржи.