Њукасл ќе купува нов напаѓач, подготвен список со три желби

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Њукасл има листа со три желби за засилување на нападот, клубот од „Сент Џејмс Парк“ не е задоволен од Ник Волдемаде и Јоан Виса.

Минатото лето, Њукасл инвестираше околу 140 милиони евра за ангажман на Ник Волдемаде и Јоан Виса, но двајцата потфрлија во нападот, па летоска ќе се бара ново засилување за офанзивата.

Клубот од Сент Џејмс Парк има листа со три желби – Доменик Соланке од Тотнем, Лиам Делап од Челси и Пио Еспозито од Интер.

Ниту едно од овие имиња не е евтино, па Њукасл ќе треба повторно длабоко да бркне во џебот за да ја исправи грешката.