Њујорк домаќин на првото финале на Мундијалот за клубови
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги дефинираше локациите, односно стадионите на кои ќе се играат натпреварите на првото издание на Светското клупско првенство во формат со 32 екипи.
Претставници на сите континенти ќе учествуваат на клупскиот мундијал во Соединетите Американски Држави во текот на следното лето (2025 година), а финалето ќе се игра на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси.
Покрај во Њу Џерси, клубовите ќе играат и во Атланта, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо, Филаделфија, Сиетл и Вашингтон, а турнирот е закажан во периодот меѓу 15 јуни и 13 јули.