Њујорк домаќин на финалето на Светското првенство во 2026 година
Њујорк ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Тоа ќе биде прво Светско првенство со 48 репрезентации, 16 повеќе од досегашните 32.
Мундијалот ќе се игра во вкупно 16 градови – 11 американски (Сиетл, Сан Франциско, Лос Анџелес, Канзас Сити, Далас, Хјустон, Атланта, Бостон, Њујорк Сити, Филаделфија, Мајами), три мексикански (Гвадалахара, Монтереј, Мексико Сити) и два канадски (Ванкувер, Торонто).
Отворањето на СП е на 11 јуни 2026 година на Естадио Ацтека во Мексико Сити, додека финалето е на 19 јули на Метлајф стадионот во Њујорк.
Европа ќе има 16 претставници на СП, Африка 9, Азија 8, Јужна Америка 6, Конкакаф 3 + 3 (домаќин), Океанија еден, а уште две репрезентации ќе се пласираат преку плејоф.