Ќе биде ли ова најголемата размена во историјата на фудбалот?

Мино Раиола, еден од најмоќните фудбалски менаџери, даде големо интервју за шпански „АС“. Во него говореше за Суперлигата, но и за иднината на некои од неговите најпознати клиенти, како
што е Пол Погба. За него кажа дека најважно е дека она што Јунајтед го сака, но и дека негов сон е да игра за Реал Мадрид, како и дека идол му е Зинедин Зидан. Раиола се осврна и на гласините за можна размена Азар- Погба.
„Ништо не е невозможно, ова е фудбал и секој ден е различен. Морате да бидете подготвени на сите можности. Што ако утре Реал предложи и сите четири страни бидат заинтересирани. Има смисла, зар не?“, вели славниот менаџер.