Џанлука Вијали ја купува Сампдорија

Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлука Вијали, би можел да стане нов сопственик на Сампдорија.

Клубот од Џенова остана без газда после апсењето на Масимо Фереро поради што тој си поднесе оставка од местото претседател.

Според италијанските медиуми, популарната Сампа, може да премине во рацете на инвестицискиот фонд  Динан-Виали. Еден од сопствениците на овој фонд е прославениот поранешен играч на Сампдорија и италијанската репрезентација, Џанлука Вијали, кој се обиде да го преземе клубот и во 2019 година.

Легендарниот центарфор во дресот на Сампдорија има одиграно 328 натпревари и постигнато 141 гола, а како репрезентативец на Италија забележа 59 натпревари  и 16 погодоци.

Виали во моментот е дел од стручниот штаб на селекторот Манчини.