Џеко заминува од Рома летово, Интер и Јуве спремни да му понудат договор
Един Џеко, најверојатно ќе го напушти „Олимпико“ по крајот на сезоната. Договорот на Џеко со Рома истекува на 30 јуни 2022 година, но двете страни можат да се договорат за раскинување на договорот. Годишната плата на Џеко е 7,5 милиони евра. Во еден момент од сезоната, Џеко имаше несогласувања со тренерот Пауло Фонсека. Португалскиот стручњак најверојатно нема да ја предводи Рома во новата сезона, но сепак, се очекува Џеко да го напушти Рим ова лето.