Џеко постави нов рекорд и го надмина легендарниот Тоти

Рома на домашен терен ја совлада Брага во реванш натпреварот од 1/16 финалето на Лига Европа со 2:1, и со вкупни 3:1 се пласираше во осминафиналето.
Првиот погодок на реванш дуелот беше дело на Един Џеко, кој со овој погодок испиша историја за Рома. Тоа беше 29. европски погодок за него вво дресот на „волчицата“, со кој го престигна легендарниот капитен на римскиот клуб, Франческо Тоти. Италијанецот досега го држеше рекордот со постигнати 28. погодоци.