Џеко пред потпис на нов договор со Интер

Интер сака да го задржи Един Џеко во своите редови и спреми нов договор за искусниот напаѓач, пренесуваат италијанските медиуми.
36-годишниот напаѓач игра одлично оваа сезона, но неговиот договор со „нероаѕурите“ истекува на лето. Интер неодамна започна преговори за продолжување на соработката, а Џеко потврди дека не размислува за пензија и дека е среќен во Интер.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека напаѓачот ја прифатил понудата и наскоро ќе стави потпис на нов едногодишен договор тежок 5 милиони евра.
Џеко имаше понуди од други клубови како и од Саудиска Арабија, но одлучи да остане во Интер.