Џенерал Моторс потврди дека влегува во Формула 1 шампионатот
Формула 1 и Џенерал Моторс (ГМ-GM) постигнаа начелен договор за влез на тимот ГМ/Кадилак како 11-ти тим во светскиот шампионат во Формула 1 во 2026 година.
„Посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Сигурни сме во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
„Џенерал Моторс е голем глобален бренд и сила во светот и работи со импресивни партнери. Целосно ги поддржувам напорите на ФИА, Формула 1, ГМ и тимот да го одржат дијалогот и да работат на овој исход од договорот во принцип. Сите страните, вклучително и ФИА-ин, ќе продолжат да работат заедно за да обезбедат непречен напредок на процесот“, додаде претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем.
Марио Андрети, светскиот шампион во Формула 1 во 1978 година, ќе има амбасадорска улога со Кадилак Ф1.
Борбата за придодавање на овој тим трае повеќе од три години и Формула 1 првично го одби барањето. Постоечките 10 тимови, кои немаат право на глас за ова прашање, исто така, во голема мера се противат на проширувањето поради разводнувањето на наградниот фонд и милијардите долари што веќе ги имаат инвестирано во натпреварувањето.