Џенова го враќа Нагатомо во Серија А
Џенова ја продолжи соработката со Горан Пандев, веќе обезбеди и неколку засилувања, но ќе се обиде дополнително да го засили тимот до крајот на преодниот рок.
Тренерот Давиде Балардини не сака Џенова повторно до крајот на сезоната да се бори за опстанок, а сега пикирал поранешен фудбалер на Интер.
Се работи за искусниот јапонски фудбалер Јуто Нагатомо, кој покрај за Интер, во Италија настапуваше и за Чезена.
Левиот бек има постигнато 9 голови во Серија А, а интересно, најмногу од нив (3) биле во мрежата на Џенова.
Последен клуб на Нагатомо беше Олимпик Марсеј.