Џенова го официјализираше новиот тренер, Шевченко ќе го тренира Пандев

Андриј Шевченко е нов тренер на Џенова, потврди најстариот италијански клуб.

Шевченко потпиша договор со Џенова до јуни 2024 година со годишна нето плата од два милиони евра плус бонуси. Шевченко беше селектор на Украина, позицијата ја напушти по завршувањето на Европското првенство и ова за него ќе биде прв тренерски ангажман во клуб.

Помошник на Шевченко ќе му биде неговиот соиграч од времето кога настапуваше за Милан, Мауро Тасоти, а ќе дебитира во Серија А против Рома после репрезентативната пауза.