Џенова го расипа роденденот на Милан и му откина бод од „Сан Сиро“
Фудбалерите на Милан ремизираа 0-0 со Џенова на „Сан Сиро“ во 16. коло од италијанската Серија А.
Росонерите вечерва ја прославија 125-години од основањето на клубот, трибините беа исполнети со бројни легенди кои оставија длабока трага во дресот на Милан, дури и дресот беше специјално дизајниран за оваа прилика.
Сепак, актуелниот тим предводен од Пауло Фонсека е далеку од најдобрите тимови во Серија А оваа сезона.
Домашните имаа три добри во првите дваесет минути, но гол не успеаја да постигнат Емерсон, Ејбрахам и Чуквуезе.
Најдобрата шанса Милан ја имаше преку Мората, ударот на Шпанецот заврши во гредата.
До крајот екипата на Патрик Виера го издржа притисокот и освои важен бод кај фаворизираниот Милан.