Џерард: Сезоната не е завршена, ни следи битка во Лига Европа
Глазгов Ренџерс ја слави својата прва титула во Шкотска по една деценија, но менаџерот Стивен Џерард веќе размислува за следните предизвици на тимот. Ренџерс ја освои својата 55. титула вчера по нерешениот резултат на Селтик со против Данди Јунајтед.
„Емоциите се силни, но нашето патување не е завршено. Сакам да го потврдам овој успех и за мене, но и јграчите секогаш да одат на победа на средбите кои се пред нас. Оваа титула е заслуга на тимот, големо достигнување и јас сум горд што сум тренер на овие момци“, рече Џерард.
Поранешниот капитен на Ливерпул изјави дека Ренџерс ќе се фокусираат на Лигата на Европа до крајот на сезоната. „Сè уште е само март и има многу време до крајот на сезоната. Сакам тимот да продолжи да ја демонстрира оваа форма до крајот на сезоната”, додаде тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард.