Џерард ќе биде следниот тренер на Барди во Трабзонспор?

Легендарниот играч за врска на Ливерпул, Стивен Џерард, пристигна во Истанбул за да одржи состанок со раководството на локалниот шампион Трабзонспор. Клубот е во потрага по нов тренер, а поранешниот прв човек на Астон Вила е фаворит број еден за оваа функција.
Во моментов ситуацијата во Трабзонспор не е лесна, бидејќи клубот е без претседател. Раководните функции во тимот ги извршува потпретседателот Ертурул Доган, а тој се обидува да го донесе Џерард во тимот. На крајот на март се очекува да биде избран новиот претседател на Трабзонспор.