Џерет Ален влета на местото на Џејмс Харден на викендот на сите ѕвезди

Центарот на Кливленд, Џерет Ален, ќе биде замена за повредениот Џејмс Харден на „Ол-старот“ дуелот во кошаркарската НБА конкуренција.
Тој досега одигра 49 натпревари и направи просек од 16,2 поени, 11,1 скока и 1,8 асистенции.
Ален ќе биде дел од тимот на Леброн Џејмс. Мечот на ѕвездите ќе биде одигран наредниот викенд во Кливленд.