Џеси Лингард се сели во Јужна Кореја

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, кој нема клуб од изминатoто лето, ќе замине во Јужна Кореја.

31-годишниот фудбалер ќе потпише за екипата на Сеул откако двете страни ги договориле условите. Лингард таму треба да остане две години. Тој имаше опции да оди во Саудиска Арабија и Турција.

Крилниот напаѓач последен пат играше за Нотингем Форест во сезоната 2022/23 кога на 20 средби постигна две гола во сите натпреварувања.