Џејлен Вилијамс казнет од НБА лигата

Кошаркарот на Оклахома, Џејлен Вилијамс, ќе мора да плати казна од 25.000 долари поради „носење облека со непристоен текст“ на неговата прес-конференција по победата против Денвер во седмиот натпревар од плејофот во НБА лигата.
Вилијамс не употреби вулгарности додека разговараше со новинарите, но, беше критикуван за натписот на неговата маица.
Играчот кој има 24 години, во елиминацискиот дел има просек од 19,6 поени. Вилијамс на мечот со Денвер забележа 24 поени, 5 скока и 7 асистенции.