Џејмс заминува од Монако, Барса фаворит за неговиот потпис

Според информациите на Спортандо, главен фаворит за потпис на кошаркарот Мајк Џејмс е Барселона

Каталонскиот гигант бара сигурно решение на бековската позиција, особено откако шансите за ангажман на Силвен Франциско се речиси минимални поради неговите амбиции за НБА.

Тренерот Чави Пасквал лично ќе се обиде да го убеди Џејмс да му се приклучи на проектот во Барселона, што би претставувало еден од најгласните трансфери во последните години.

Џејмс зад себе има богата кариера настапувајќи за бројни клубови, меѓу кои се Басконија, Панатинаикос, Олимпија Милано и ЦСКА Москва, како и кратки НБА0-епизоди со Феникс, Њу Орлеанс и Бруклин.