Џејмс од Челзи поради повреда ќе паузира еден месец
Одбранбениот фудбалер на Челзи, Рис Џејмс, поради повреда ќе отсуствува од терените еден
месец, соопштуваат од лондонскиот клуб.
Џејмс на натпреварот против Бурнмаут ја обнови повредата на коленото поради која го пропушти
настапот на Светското првенство во Катар.
Медиумите во Англија пренесуваат дека Челзи е заинтересиран за доведување на хрватскиот
репрезентативец Јосип Јурановиќ, кој би бил замена за Џејмс во наредниот период.